12 годишно девојче од Џорџија во живо го пренесуваше своето самоубиство!

 

Страшен настан се случил деновиве во американската држава Џорџија. 12 годишната Кетлин Никол Дејвис во живо на интернет сервисот Live.mk го пренесувала своето самоубиство. По овој неверојатен случај видео снимката се нашла веднаш на социјалните мрежи Јутјуб и Фејсбук, по што Јутјуб веднаш ја отстранил снимката заради нивните строги правила за неемитување на експлицитни и насилни содржини.

По овој страотен случај, полицијата признала дека не може да влијае и да превенира вакви настани.

Началникот на полицијата рекол дека примиле низа пораки кога се случило ова и многу медиуми прашале дали треба да ги тргнат снимките, што според него било многу пристојно. Но, не можеле да влијаат на социјалните мрежи.

Полицијата истражува зошто Кетлин се самоубила, бидејќи непосредно потоа е откриен блог на кој таа напишала дека била жртва на сексуално злоставување од очувот.