19 годишно момче загина во сообраќајка, 23 годишно се обидело да се самоубие со бесење

Во 06,45 часот било пријавено дека на локалниот пат од населбата Илинден кон с.Миладиновци, скопско, патничко моторно возило “Голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.З.(19) од с.Миладиновци излетало од коловозот и се превртело. Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Известен е јавен обвинител, а во моментов се врши увид од страна на увидна екипа. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 27.12.2017 година во 14,50 часот од медицинско лице од Комплекс клиники “Мајка Тереза”  пријавено е дека кај нив е донесен Е.Б.(23) од Скопје кој најверојатно се обидел да се самоубие со бесење со шал во подрумската просторија од куќата каде што бил под кирија. Истиот е во животна опасност.