Велика Британија денеска ја одбележува тажната годишница од загинувањето на принцезата Дајана.

Пред 20 години, во Париз, во собраќајна несреќа под еден подвозник, бегајќи од фоторепортерите кои ги прогонуваа принцезата Дајана и египетскиот богаташ со кој таа беше во љубовна врска, загина славната ,,Принцеза на сиромашните“ или ,,Кралица на срцата“, како што ја нарекуваа медиумите заради нејзината хуманитарна работа со ранливите групи луѓе низ целиот свет.

,,Таа беше зрак на светлоста во сивиот свет“-пишуваат британските и светски медиуми.

Погребот на Дајана на тв екраните го следеа милиони луѓа, а Лондон беше претесен да ги прими нејзините обожувачи од целиот свет.

Пред Бакингамската палата и денеска илјадници луѓе оставаат цвеќе во чест на Дајана.

UK | Todestag Prinzessin Diana - Blumen vor dem Kensington Palast (Reuters/H. McKay)