Џекпот од 451 милион долари, четврти по големина во историјата на американската лотарија, „Мегамилионс“, пу припадна на  20-годишнииот Шејн Мислер, од Флорида, потврдено е официјално од Американска лотарија.

Младиот добитник од градот Порт Ричи на Флориди,  е единствен што ја имал добитната комбинација на бројки, а на крајот со сите платени даноци тој ќе биде побогат точно со  281,2 милиона долари.

 

Мислер изјавил дека откако уплатил во продавницата  „Севен-илевен“, имал чувство дека е тоа добитната комбинација .

Откако видел дека неговата е добитна комбинација, само го повикал својот брат  за да му каже што се случило.