22 политички партии ја сочинуваат предизборната коалиција на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев промовираше предизборна коалиција, засега од 22 политички партии, со лева определба, десна и од центарот, коишто со потпис застанаа зад заедничката цел, Живот во Македонија за сите.
-Сменета е политичката клима во државата. Ослободени се граѓаните. Се чувствува вербата во промените. Граѓаните од целото општество, од сите сфери, ја имаат шансата да учествуваат во нив и го прават тоа. Убеден сум дека по промените на централно ниво, следуваат промени и на локално ниво на изборите на 15 октомври, што ќе донесат живот за сите граѓани во Македонија, рече по потпишувањето на коалицискиот договор, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Ова е заедничката цел што нè обедини сите нас, леви, десни, партии од центарот, кои денеска го потпишавме Договорот за настап на локалните избори.

Формираме предизборна коалиција предводена од СДСМ за следните локални избори-рече Заев.

 

 

Станува збор за партиите:
Социјалдемократски сојуз на Македонија
2. Нова Социјалдемократска партија
3. Либерално Демократска Партија
4. Демократски сојуз на Власите од Македонија –
5. Нова Алтернатива
6. Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија
7. Социјалдемократска унија
8. Либерална партија на Македонија
9. Демократски сојуз
10. Српска напредна странка во Македонија
11. Демократска обнова на Македонија
12. Партија за целосна еманципација на Ромите
13. Политичка партија Достоинство
14. Партија за економски промени
15. Алијанса за позитивна Македонија
16. Партија за Европска Иднина
17. Партија за движење на Турците во Македонија
18. Српска странка во Македонија
19. Демократска партија на Ромите,
20. Обединета партија за еднаквост на Ромите и
21. Обединети за Македонија-ОМ
22. МОРО Работничка партија