Светска банка бара олеснување на трговската размена

Директорката на Светска банка за Југоисточна Европа Елен Голдстајн (Elen Goldstin) смета дека шесте земји од Западен Балкан не прават доволно за зголемување на трговската размена меѓу нив. Таа ќе присуствува на економскиот форум во Ниш што го организира Владата на Србија и во име на Светска банка ќе продолжи сет мерки за олеснување на трговската размена меѓу Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Во интервју за РТС Голдстајн рече дека Светска банка ги препознава исклучителните напори на Србија и Албанија што ги прават на овој план, но не и на другите земји.

Зголемувањето на трговската размена е двигател на економскиот развој, вработеноста и стандардот и затоа е потребно се да се направи за олеснување на процедурите и подобрување на инфраструктурата.

Токму во оваа насока ќе бидат и предложените мерки од страна на Светска банка.