30 годишна жена пронајдена мртва во тоалет во Сити Мол

На 01.02.2018 година околу 19.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавила дека од страна на обезбедувањето на трговски центар во Скопје, во тоалетите на приземје од објектот, било пронајдено починато женско лице. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Се работи за лицето А.М. (30) од Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено за обдукција.