31 годишниот Себастијан Курц со најголеми шанси да стане најмладиот канцелар во историјата на Австрија

Во Австрија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои најголема шана за победа има актуелниот министер за надворешни работи и лидер на конзервативната Народна партија, 31 годишниот Себастијан Курц. Според анкетите тој нема ривал кој ќе го загрози на изборите, а на парламентарните избори листата што ја предводи го носи неговото име, не името на партијата каде што е лидер.

Австријанците му даваат најмногу доверба на Курц, кој вети рестриктивна миграциска политика. Себастијан Курц со 27 години стана најмладиот министер за надворешни работи во ЕУ, и воопшто во историјата на Австрија, а сега со своите 31 година има најголеми шанси да биде најмладиот државник во Европа што предводи една држава.

Во минатото Република Македонија ги имаше најмладите премиери и пошироко од европскиот континенет. Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевеки беа премиери кога имаа 29, односно 32 години.

 

Во Австрија право на глас имаат 5,4 милиони австријци.