36 годишен маж со повреди заради пад од висина пронајден мртов на ,,Рузвелтова“

На 04.11.2017 година во 01.35 часот во Скопје на ул.“Френклин Рузвелт“ во тревната површина, пронајдено било безживотното тело на М.Ј.(36) од Скопје. На телото на починатиот има повреди најверојатно здобиени со пад од висина. По наредба на јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција.

Истрагата треба да покаже дали станува збор за самоубиство и на кој начин се случила трагедијата.