4,2 милиона евра за увоз на струја за две недели

13.01.2017

Андреевски: 4.2 милиона евра досега за увезената струја, итно е потребна Влада на граѓаните!

 

,,Неверојатни 4.2 милиона евра, според наши информации, ќе ги чини граѓаните увозот на електрична енергија!,,-изјави Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.

4.2 милиона евра ќе платиме сите ние, граѓаните за струјата што се увезува и тоа само за период од две недели, од 7 јануари, заклучно со 22 јануари.

Претставниците на власта во ЕЛЕМ не смеат да ги кријат овие информации од јавноста.

Граѓаните треба да знаат дека ако РЕК Битола работеше стабилно, ако работеа ТЕЦ Неготино, ТЕЦ Осломеј, оваа зима, во најголемите студови на минус 20 степени, Македонија немаше да биде во ризик да остане без струја-рече Андреевски.