Генералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, на својот ФБ профил објави документи од анализа на Министерство за информатичко општество, според кои се дознава дека 166 државни службеници цела година не биле на работа ниту еден ден, но редовно земале плата. За нив од државниот буџет се одлеале дури 824.000 евра.

,,Како се трошеле нашите пари. Веќе е покрената дисциплинска постапка и зависно од исходот ќе следува и соодветна судска постапка. Нанесена штета од преку 800.00 евра. Додека некој се потсмева на покачување на минималецот, на своите партиски војници им давале плата без да одат на работа“-напиша Рашковски.

Инаку, со години назад се објавуваат податоци за вработени според Рамковен договор, кои не одат на работа, а земаат плата. На ова укажуваше и Државен завод за ревизија, како и Европската комисија во своите извештаи, но оваа скандалозна пракса продолжи без никаков проблем, се заради мир меѓу коалициските партнери во тоа време-ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.