9 години и 2 месеца затвор за првообвинетиот и враќање на украдените 3 милиони евра

Бобан Смилевски, првоосомничен за грабеж на векот во Македонија,  е осуден на 9 години и два месеца затвор за украдените 3 милиони евра од НЛБ банка.

Неговиот брат Горан Смилевски е осуден на шест и пол години затвор, а Борис Мичевски, кој  ги транспортирал украдените пари според обвинението, доби казна од пет години и два месеца затвор.

Мирослав Каевски, пак, доби условна казна затвор од две години.

Според образложението на судот, пресудата е донесена врз основа на признанието на обвинетите, а висината на казните се должи на фактот што обвинетите не откриле каде се украдените пари.

Тројцата првообвинети се задолжени и да ја надоместот штетата на Тутунска банка, во рок од една година на правосилноста на пресудата.

Обвинетите остануваат во притвор до правосилност на пресудата, одбиени се барањата на адвокатите тие да се бранат од слобода, или да бидат во куќен притвор.