Aнѓушев: Македонија е секуларна држава, кога одам во црква не сакам да се сликам

Вицепремиерот Кочо Анѓушев место на осветување на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, каде што беше поканет со премиерот Зоран Заев, денеска беше во посета на фабриката „Брако“.

Анѓушев доби два ордени од МПЦ и Повардарската Епархија, бидејќи со 240 илјади евра го финансираше фрескоживописувањето на црквата.

Но, вели дека не сака да се слика по медиуми кога во оди во црква, бидејќи Македонија е секуларна држава.

Тој и забележа  на црквата што од осветувањето направи политички маркетинг. На осветувањето присуствуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со сопругата Боркица.

Во име на вицепремиерот Анѓушев, ордените од МПЦ, на денешното осветување ги прими неговиот брат.

 

(Фото: СДК.МК)

„Јас верувам во секуларноста на државата, одвоеноста на црквата од неа. Кога донирав, не претпоставував дека ќе бидам дел од Владата, што сега се случи. Јас го дадов тоа затоа што верувам во Бога и така чувствувам. Не сакам да се сликам по медиуми, а во црква  ќе одам кога ќе почувствувам и кога јас сакам. Затоа ѝ забележувам на црквата што од осветувањето направи политички настан, маркетинг“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Кочо Анѓушев.