Aпелација ги одби жалбите на Талевска и петмината полицајци-алфи обвинети за малтретирање на Бошковски

Апелационен суд ги одби жалбите на  Ивона Талевска и петмините полицајци-алфи, меѓу кои и на Ивица Анчевски-Пуки, поранешен командант на единиците Алфи. На сите нив и натаму ќе им бидат одземени пасошите и ќе мораат задолжително да се јавуваат во судот. Тие имаат и забрана за доближување до некои личности кои се битни за судските процеси.

Пасошот на Талевска ѝ беше одземен откако Кривичниот совет ѝ одреди мерка на претпазливост по барање на Специјалното јавно обвинителство.

Иако Талевска на седницата се жалеше дека има потреба од патувања поради природата на нејзината работа како новинар и уредник, сепак судот не ги зеде предвид нејзините аргументи.

Таа е обвинета за даночно затајување во случајот „Тифани“ и има обврска еднаш месечно да се јавува во судот.

И нејзиниот колега од Сител, Драган Павловиќ-Латас , бараше да му биде вратен пасошот, затоа што смета дека заради тоа трпи неговиот бизнис, професорска работа и уредникување во телевизијата. Латас пред Апелација изјави дека е незаменлив и Сител се соочува заради тоа со голем проблем.

Апелациски суд донесе решение и за него, но сите ќе бидат објавени во понеделник.