COMSUBIN – Подводни воини

Школото за борбени нуркачи на италијанската морнарица (Scuola Incursori) сместено во големата база и пристаниште Ла специа на полуостровот Валинјано, претставува центар за нуркачка обука на специјалните единици на морнарицата и другите родови војска, на карабињерите и полицијата. Главните задачи се селекција и основна нуркачка обука за потребите на специјалната единица за морнарички нуркачи COMSUBIN – Команда на нуркачи и извидници (COM-ando SUBacqui e INcursori).
COMSUBIN, чие официјално име е Одред за поморски диверзанти и нуркачи „Тесео Тесеј“, има околу 800 луѓе распоредени во три главни борбени групи и неколку логистички единици: Оперативна група на диверзанти GOI (Gruppo Operativo Incursori) – за извршување на офанзивни задачи, Оперативна група на нуркачи GOS (Gruppo Operativo Subacquei) – за извршување дефанзивни задачи (деминирање, противдиверзантски дејствија и подводно обезбедување) и Специјална морнаричка група GNS (Gruppo Navale Speciale) во чиј состав се наоѓаат бродови, чамци и подводни пловила.

fotografija-4

Стратешко значење

Генералштабот на италијанските вооружени сили и Јужната команда на НАТО во Неапол на овие единици им даваат исклучително големо стратешко значење, што се гледа од листата на задачи. Тие извршуваат напади на бродови, пристаништа, команди и други цели во крајбрежјето, вршат расчистување од подводни мини и други препреки, вршат десант, извидување и собирање на разузнувачки податоци, антитерористичка борба на море, антидиверзантска одбрана и подводна контрола на определени реони. Школата за борбени нуркачи има единаесет инструктори и три командни офицери кои организираат неколку врсти на обуки. Покрај селективната и основна нуркачка обука за потребите на COMSUBIN, спроведуваат и обука за подофицери (IMRS).
Во морнаричкиот школски центар после завршувањето на основната теоретска обука следи практично увежбување за планирање, организирање и раководење со подводни операции. Исто така, за потребите на Полкот за морнаричко-десантна пешадија Сан Марко, школото организира тримесечен курс за основна нуркачка обука, деминирање и отстранување на подводни препреки
Основната обука за борбени нуркачи има за цел на оние кои ја посетуваат да им пружи основни теоретски и практични знаења кои ќе им овозможат без проблем да се приклучат на Оперативната група нуркачи-диверзанти. Обуката трае една година, обично почнува во мај и се состои од селекција (подготвителна фаза), три тренажни фази и финална фаза во која се изведува завршна вежбаза проверка на оспособувањето.

fotografija-1

Строга селекција

Подготвителната фаза претставува селекција за прием на обуката, трае една седмица и има за цел да ги одвои вистинските кандидати. Пријавените доброволци на возраст меѓу 23 и 25 години најнапред се упатуваат на детален медицински преглед, а после тоа следат тестови за проверка на психофизичките способности, пливање со слободен стил на 50 метри и нуркање без каква било опрема со слободно вдишување на воздух, трчање на 300 и 3.000 метри, серија вежби, скок во далечина, скок во височина … Кандидатот, меѓу другото, мора да покаже и дека е способен да извршува ставање и вадење на опремата под вода и да плива со нуркачки апарат на себе.
Во просек од 50 кандидати во групата селекцијата ја поминуваат десетина, а од нив само пет-шест успешно ја завршуваат основната обука и добиваат сертификат за тоа.
Првата фаза од основната нуркачка обука (Combattimento a Terra) трае 12 седмици, а фокусот е ставен на вежбање на тактики за борби на копно. Посетителите се изложуваат на постепена интензивна физичка подготвеност и напорни дневни и ноќни вежби. Како и оние од пешадијата, учат тактика на борба одделение во напад и одбрана, патролирање, поставување на заседа, учат за вооружување, како да користат бусола и воени карти и имаат настава за ноќно и дневно гаѓање. Секоја недела имаат марш со и без борбена опрема и преминување на борбени патеки со препреки. После две недели почнуваат да работат со диверзантски апарати со затворен круг на дишење на кислород. Физичките норми во оваа фаза опфаќаат: марш на четири километри за 24 минути, на шест километри за 36 минути, на осум километри за 48 минути, на 10 килоемтри за 63 минути, на 30 километри за шест часа, на 40 километри за седум часа и „воена патека со препреки“ за девет минути.

logo-comsubin

Втората тренажна фаза (Combatimento in Acqua) трае 13 седмици, со акцент на подводни активности. Во неа продолжува напорната физичка обука, многу се плива во море, дење и ноќе, со и без нуркачка опрема и се вежба навигација во парови под вода. Вежбите за проверка подразбираат: должинско нуркање на два километра за 60 минути, ориентациско нуркање со бусола на 200, 500 и илјада метри со максимално скршнување од целта за 15 проценти и пливање во нуркачко одело на шест километри за два часа и 38 минути. На крајот на секоја фаза, кандидатите се тестираат теоретски и практично и ако не ги задоволуваат критериумите се отстрануваат од обуката.
Третата фаза (Амфибиска борба) трае 12 седмици и е посветена исклучиво на навигација (површинска и подводна), на врсти и тактики на инфилтрација и десантни дејствија на различни врсти на крајбрежја, извидување и обезбедување на реони. Често тоа се куси, но интензивни физички вежби, се учи инженериско-диверзантска обука и употреба на експлозив за диверзии, се учи за врсти на подводни мини и за користење на површински и подводни пловила за транспорт. Вежбите опфаќаат временско нуркање од 65 минути и премин преку „воена патека“ за седум минути.
Четвртата, последна, фаза од основната нуркачка обука трае 15 недели и кандидатите кои стигнале до тука, веќе се прилично сигурни дека ќе стасаат до крајот. Во овој период се учи планирање, подготовка и изведување на борбени задачи, впрочем се применува се до тогаш научено. Вежбите се изведуваат во услови кои симулираат вистински воени ситуации во кои до израз доаѓа тимската работа. Учесниците се упатуваат во воздухопловно-десантската школа во Пиза каде завршуваат курс за падобранци и се стекнуваат со лиценца. Последните две недели се посветени на подготовки за полагање на завршниот испит, а круна на целокупната обука е финалната вежба за проверка на способностите.
Лиценцата им овозможува да се приклучат на специјалната единица GOI во рамки на која во наредните шест месеци ќе учат напредни воени тактики.. по завршувањето на овој период влегуваат во состав на борбените тимови и се потполно способни да преземаат воени акции.

fotografija-2

Постојана подготвеност

GOI брои помеѓу 150 и 200 припадници сврстени во Командата, три специјализирани борбени групи, технички групи за одржување на опрема и возила, логистички и санитетски групи. Според НАТО доктрината за поморско војување, оваа специјална единица извршува офанзивни и директни акции кои подразбираат користење на подморници и други врсти на подводни и површински пловила за напади на бродови, пристаништа, командни места, радарски инсталации и Центри за врска во крајбрежни места, ласерско обележување на цели за наведување на воздушен оган, а според планот за употреба предвидено е да се уфрлуваат и до 40 километри во длабочина на непријателска територија. Директните акции подразбираат и извидување на крајбрежје, отстранување на евентуални морски препреки кои пречат за изведување на десант и надгледување на воени и стратешки непријателски објекти.
Припадниците на оваа единица до сега учествувале во повеќе спасувачки мисии (RESCO) и евакуација на луѓе од подрачја зафатени со војна. Тренираат и ослободување на амбасади, трагање и спасување на екипажи од соборени воздухоплови.
Обезбедувањето на ВИП лица и објакти не спаѓа во основните задачи, иако борбените нуркачи и тоа го работеле во текот на Самитот на Г-8 и при посетата на претседателот на САД на Италија.
Борбените групи од составот на GOI на секои шест месеци се сменуваат од должноста на дежурство.
При извршувањето на задачите „Подводните воини“ се уфрлаат со помош на подморници, бродови, брзи десантни чамци, авиони и хеликоптери, или пешки му приоѓаат на објектот за напад или вршат набљудување со „џепни подморници“ и подводни скутери.
Користат неколку врсти на диверзантски нуркачки апарати со затворен круг на дишење на кислород, кај кои на површината не се појавуваат меурчиња: МК 2 Ц, МК 3 Ц, ЦРА и ЦМИ. Поради штетното влијание на кислородот под зголемен притисок (таканаречено кислородно пијанство) употребата на овие апарати е ограничена до 12 метри длабочина. Користат и модел на апарати со полузатворен круг на дишење „Аромикс“, за кој исто важи ограничувањето на нуркањето до 12 метри и модел РДН 2000 со којшто може да се нурка до 40 метри.
Досега немале некои поважни ангажмани на отворено море.