Со фотографија на која се гледа изгрејсонцето над манастирот Арденица во Драч, албанскиот премиер на својот ФБ профил ја најави неформаланата средба со премиерите од Западен Балкан.

Тој и овојпат ги пречека своите колеги во веќе традиционалните бели патики, со таа разлика што сега неформалниот карактер на средбата го оправдува неговиот неформален изглед.

На неговиот ФБ профил го пренесуваше во живо дочекот на балканските политичари.

Албанските медиуми јавуваат дека Рама бил многу расположен и непосреден со своите гости.

Со македонскиот премир Зоран Заев, како што јавуваат медиумите, се поздравил речиси со спортско ,,пукање“ со рацете:

 

 

 

 

 

 

 

 

Рама во срдечен разговор со српската премиерка Ана Брнабиќ:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Албанскиот портал Албеу, пишува дека Рама е упорен да воведе свој дрескод на облекување и дека сака белите ,,адидас“ патики да ги направи свој заштитен знак, притоа не водејќи сметка за постојаните коментари дека претерува со лежерниот стил на облекување како политичар.