Македонскиот бенд Extravaganza, во состав Јовче Воденичаровски (вокал, гитара) и Крсте Калевски (гитара), штотуку објави нова песна и видео запис со наслов ,,Само да си тука до мене“. Оваа убава мелодија веќе е во етер низ радијата во Македонија, Антена 5, Канал 77, Лајф Радио, Македонско радио (мак топ 10 – бр 6).

Ресенскиот бенд Extravaganza постои од 2015 година, настапуваат низ цела Македонија, но претежно во Скопје. За себе велат дека свират поп и рок англиски песни, македонски ретро како и најнови хитови, во нивна, акустична изведба. Имаат настапи и на фестивали.

Ова  е прв сингл на ова македонско дуо.

Музиката и аранжманот се на Хари Котларовски, а текстот го напиша Јовче Воденичаровски.

Вреди да се слушне и да им се посака успех на овие млади луѓе. Со среќа!