ОО на СДСМ од Прилеп, вечерва по состанокот, објави фотографии на кои во првиот ред се кандидатот за градоначалник Илија Јованоски и неговиот внатрепартиски противкандидат Жаре Стеваноски, сите со стиснати песници за победа.

На овој начин сакаат да покажат дека се обединети пред стартот на политичката кампања за локалните избори, бидејќи по вчера објавената вест дека Јованоски ќе биде кандидат за градоначалник на СДСМ во Прилеп, на ФБ мрежата, имаше одредени негодувања со поддршка за Стеваноски. Но, тој самиот уште вчера рече дека се става на располагање на партијата, само да се тргне од власт ВМРО ДПМНЕ и Марјан Ристески.

Од друга страна, внатрепартиската анкета меѓу членството на СДСМ во Прилеп и гласачите, покажала дека актуелниот претседател на ОО на СДСМ од Прилеп, д-р Илија Јованоски има најголема поддршка од претендентите за градоначалничката функција.