MВР го одби барањето на Груевски за дополнителни 20 телохранители

Министерството за внатрешни работи го одби барањето на поранешниот премиер, Никола Груевски, за дополнително обезбедување од 20 телохранители.

– Направени се анализи и проценки и со оглед на тоа дека неговото актуелно обезбедување од шест луѓе не пријавило никакви закани досега кон него и неговото семејство, оценивме дека тоа барање не треба да се прифати – рече министерот Оливер Спасовски кој денеска даде отчет за сработенотео во првите сто дена.

Груевски веднаш по доаѓањето на СДСМ на власт, побара дополнително обезбедување, заради наводни закани по живот .

Тој , во времето на неговото владеење , си донесе посебен закон за привилегии, со кој си додели 6 телохранители , службен автомобил и возач толку години ,колку што беше премиер.

Оваа одлука, според многумина, треба веднаш да се укине.