Мималната плата од септември ќе се зголеми на 12.000 денари. Владата за оваа цел месечно ќе им помага на компаниите со 1,5 милиони евра, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.

До крајот на годинава за оваа цел ќе бидат потрошени шест милиони евра државни пари.

„Средствата за финансиска поддршка на компаниите од септември до декември 2017 година се предвидени со ребалансот на Буџетот“, рече Тевдовски.

Се планира поддршката да трае една година, со тоа што во шесте наредни месеци односно следната година, износот на пари да се преполови на 750.000 евра месечно, бидејќи се очекува компаниите да се прилагодат на новите услови.