Samsung note 7 повлечен од производство

Нови проблеми за јужнокорејскиот производител на популарните Samsung телефони. Како што јавува агенцијата Yonhap смартфонот Galaxy Note 7, е повлечен од употреба заради се почестите пријави за експлозија на батеријата во текот на полнењето.

Имено, по многубројните барања за замена на телефоните, дистрибуттерите престанаа да ја нудат или дозволуваат таа опција.

galaxy-note7_curve_phone

Заради ова , се заканува самоуништување на овој популарен бренд, затоа што до минатата недела се чинеше дека проблемот ќе биде решен со едноставна замена на телефоните, се до оној момент кога се појавиле информациите дека и кај заменетите телефони има случаи на самозапалување на батериите при полнење.

Уште на 2-ри септември Samsung објави повлекување на 2,5 милиони примероци телефони од серијата Note 7, но откако фотографии со запалени телефони ги преплавија социјалните мрежи, како што наведува AFP, компанијата беше принудена да ја повлече од продажба целата серија.

Американската телекомуникациска компанија AT&T и германската конкуренција T-Mobile, во неделата објавија дека ќе престанат со замена на овие телефони, се додека трае истрагата.

На берза падна цената на акциите на Samsung.

Големите авио-компании го повторија повикот до патниците да престанат да го користат овој паметен телефон во авионите, заради неколку случаи на експлозија во текот на летовите.

Извор: Агенции-al jazeera