Tричлено семејство загина во близина на Делчево

Двегодишно детенце и неговите родители, загинаа попладнето во тешка сообраќајна несреќа на десетина километри пред Делчево. Како што информира ТВ Стар, до несреќата дошло кога возилото Фијат Пунто, во кое се наоѓало смејството Димитровски од Делчево, удрило директно во камион натоварен со дрва.
Во оваа трагедија настрада младото семејство Димитровски со нивното  детенце,  32-годишниот возач, неговата 5 години помлада сопруга и нивниот двегодишен син загинале на лице место.
 СВР ШТИП потврди дека три лица го загубиле животот во несреќата која била пријавена во 15, 40 мин на магистралниот пат Кочани-Делчево кај месноста Лештаро. Според првичните информации, дошло до директен судар со камионот кој бил управуван од 56-годишниот П.Г. од Штип кој возел во насока на Кочани, додека  32-годишниот Д.Д .возел во насока кон Делчево. Сообраќајот беше во прекин неколку часа.