Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1-0 во полуфиналната плејоф-серија во АБА2, откако вечерва, на драматичен начин, како гости го совладаа тимот на Спарс (71-70).

Лестер Медфорд е јунакот на вечерта со кошот на една секунда до крајот за целосен резултатски пресврт и голема победа на македонскиот претставник во АБА2. Сино-белите одиграа одлично во второто полувреме во кое на стартот имаа негатива и од дури 17 поени, но на крајот успеаја да дојдат до толку посакуваната победа.

Јунакот Медфорд, ништо помалку заслужниот за херојскиот успех Марко Симоновски (три тројки) и Иванов постигнаа по 13 поени, додека Самарџиски средбата ја заврши со 12 поени и 11 скока.

Реванш-средбата е закажана за в недела во „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот.