МЗТ Скопје ја запиша и четвртата победа во низа во АБА-2, вечерва нашиот тим славеше победа против Вршац со 78-69.

ФОТО: МЗТ СКОПЈЕ/Петр Стојановски

МЗТ Скопје ги доби сите четвртини и во ниту еден момент победата не беше доведена во прашање, резултатот по четвртини, 19:17, 22:12, 14:22 и 23:18. МЗТ Скопје сега има скор од 13-5 и е на добар пат да обезбеди место во плеј – офот.
Предраг Самарџиски со 17 поени  шест скока беше најефикасен кај тимот од Аеродром.