Авалон Продукција ќе го тужи град Скопје

Бобан Милошески сопственик на Авалон Продукција најавува тужба за град Скопје, откако тие објавија дека ја откажуваат Новогодишната прослава на градскиот плоштад.

Тој на својот ФБ профил напиша дека доколку град Скопје реши да ја откаже Новогодишната прослава, на тој начин ќе ги оштетат македонските пејачи и воопшто продукцијата во Македонија.

-Затоа, Авалон Продукција ќе го тужи град Скопје и ќе бара целосно да бидат исплатени трошоците- пишува Милошески.

Исто така заради хуманитарни причини, Авалон ќе покрене петиција градоначалникот Коце Трајановски и вработените во град Скопје своите 6 месечни плати да ги донираат на сиромашните-пишува Милошески.

Нова година, според него, на пејачите во Македонија им значи живот, исто како на секој што работи за плата.Пејачите за живот заработуваат на Нова година . До кога на штета на домашните пејачи-прашува сопственикот на Авалон.

Тој додава – сега им текнало кога се работи за наши пејачи, а да беа Северини и Цеци без проблем ќе одвоеја за нив по 100.000 евра.

Сега ќе глумат хумани. А мозок…тоа не постои. Затоа ќе има суд-реагира Бобан Милошески од Авалон Продукција.

АКО.мк актуелно-објективно