,,Аватар“ поддржува македонска музика, ама не ферма закони и протоколи за заштита од Ковид 19

На својата ФБ страница ноќниот кулуб ,,Аватар“ неколку дена го рекламираше првиот концерт на отворено оваа летна сезона, кои беа во мирување поради епидемијата на Ковид 19.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи ја разбрануваа јавноста која коментира дека во ек на заголемен број случаи на Ковид 19, во Струмица се прават журки без почитување на протоколите.

За волја на вистината, ноќниот клуб ,,Аватар“ ден пред концертот објави предупредување гостите да се придржуваат на протоколите:

,,Ви препорачуваме да ги почитувате сите протоколи носење маска, држење дистанца и често миење на рацете. Заштитете се! Настанот ќе се одржи согласно сите препорачани мерки за заштита.Заштитете се“-пишува на нивната ФБ страница.

Но, фотографиите и видеото што самите го објавија, го покажуваат спротивното.

Никој ниту држи дистанца, ниту е ограничен бројот на присутните, ниту носи маска. Рацете можеби си ги миеле.

Директорот на пазарниот инспекторат, за СДК изјави дека клубот направил повеќе прекршоци.

„Овој локал е регистриран како ноќен клуб, а дозвола за работа на ноќни клубови поради ковид-19 нема. Затоа тие не смееле воопшто да работат. Не можат да работат како кафуле бидејќи немаат таква дозвола. Исто така, соодветна санкција за сопственикот на клубот ќе има и поради тоа што не се почитувале мерките односно присустните не носеле маски, а имало околу 600 гости“, вели  директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски за порталот Сакам да кажам.

АКО.мк