Авионот не е на ФРОНТЕКС

(обновено) Петмина французи загинале во авионската несреќа денеска претпладне, на аеродромот во Малта, кога малиот авион со кој полетале веднаш се урнал. Тројца од загинатите најверојатно биле вработени во Министертсвото за одбрана на Франција, за другите се уште не се прецизира. Тие биле дел од граничниот надзор за недозволена трговија со луѓе и дрога на земјите од Блискиот исток.

Претходно, ФРОНТЕКС демантираше дека авионот што се урна на аеродромот во Малта веднаш по полетувањето е нивен.

Портпаролот на агенцијата Кшистоф Боровски изјави дека граничната агенција на ЕУ Фронтекс, нема ангажирано авион за нивни потреби.

Претходно вработени на аеродромот на новинарите им рекле дека авионот го користеле припадници на оваа агенција.

Од видеото се гледа дека тој паднал веднаш по полетувањето и дека е целосно во пламен.

Загинале сите патници во авионот, а се чека официјална потврда кој точно го користел.