Авион на Аерофлот заринка на лизгавата писта

Авион на Аерофлот се лизна на замрзнатата писта во градот Калининиград откако успешно атерираше на заледената писта, но продолжи да се лизга и заринка во блиската ливада. Три патници се полесно повредени, а над 1.500 патници останаа заробени на аеродромската писта бидејќи повеќе летови беа откажани заради затворените писти за сообраќај.

 

Рускиот патнички авион превезуваше 167 патници.