Авион од Дубаи слета на аеродромот ЏФК во Њујорк , по што веднаш беше одалечен од  терминалот, откако околу 100 патници во авионот пријавиле дека се болни.

 

Ербас А380 пристигнал на Терминал 4 , каде беше пресретнат од Центарот за контрола на болести и пристанишната полиција. Тројца патници веднаш биле транспортирани во локалната болница.

Летот 203 со авион на Емиратите, слета во Њујорк , нешто  по 9 часот по локално њујоршко време со 500 луѓе во авионот.

Пред 10:30 часот, од ,,Емирати ерлајнс” соопштија дека само 10 патници од Дубаи се разболеле.

“По пристигнувањето, како мерка на претпазливост, тие беа прегледани од локалните здравствени власти”, рече претставничка на компанијата. “Сите други ќе се симнат наскоро. Безбедноста и грижата за нашите клиенти е наш прв приоритет “-соопшти компанијата.

Извор од владата информираше за ситуацијата. Тој рече дека нема докази дека се работи за загрозување на  безбедноста или тероризам. Домашната канцеларија на ,,Емирати“ им кажа на американските официјални лица дека смета дека овој инцидент е предизвикан од труење со храна.

Ерик Филипс, портпарол на градоначалникот Бил де Бласио, објави дека авионот застанал во Мека и патниците можеби биле изложени на епидемија на грип во тек на прошетката низ градот.