Авион принудно го исфрли горивото над Лос Анџелес(видео)

Повеќе лица пријавиле тешкотии со дишењето, печење на очите и иритација на кожата, откако авион на компанијата ,,Делта ер Лајнс“ принудно испуштил гориво над Лос Анџелес.

Голем број ученици и нивните наставници биле испрскани, бидејќи во тие моменти се наоѓале во училиниот двор, пренесува АП.

Авионот патувал кон Шангај, но пилотот веднаш по полетувањето побарал да се врати назад и почнал да го испушта горивото.

Соопштено е дека поради проблеми со моторот, авионот морал да се врати назад, а заради безбедно слетување да се испушти дел од горивото.

Извор: АП, СНН, Скај