Авион се урна врз трговски центар во Мелбурн(видео)

Заради дефект на моторот, мал, најверојатно приватен авион, се урна врз еден трговски центар во близина на аеродром во Мелбурн, поточно во Есендон.
Според австралиските медиуми, пет луѓе загинале кога авионот што полетал од вториот по големина аеродром во Есендон, во Мелбурн, изгубил контрола и паднал рз еден трговски центар. Во несреќата загинале сите пет патници во авиончето, но нема загинати на местото на падот на авионот.
Извор: Facebook/Joe Iannone

Сведоци на несреќата изјавиле дека кога се урнал авионот, се слушнала експлозија.

Најверојатно, загинатите се американски туристи кои патувале на островот Кинг во Тасманија. Голема среќа во несреќата е што трговскиот центар се уште не бил отворен, па немало луѓе таму. Авионот се урнал околу 9 часот, а центарот требало да се отвори 45 минути подоцна.