Авировиќ: Мојата партија не ме исклучи и покрај различните мислења

,,Мојата партија, Социјалистичка партија на Македонија , не ме исклучи и покрај различните мислења“-рече пратеничката Владанка Авировиќ, која е дел од новата пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, меѓу кои влегува и Социјалистичка партија.

Таа рече дека токму заради ова и случувањата во последно време, решила да стане дел од оваа осумчлена пратеничка група на пратеници , кои се издвоија од јадрото на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, која пак остана со 39 пратеници.