Полицијата од Нов Јужен Велс, Австралија, утрината го уапси Брус Џон Престон и го обвини за тројно убиство. Тој ќе одговара по три точки за убиство направено 1989 година во Квисленд, Нов Јужен Велс.

Брус Џон Престон е пранешен чувар во еден од најстрогите затвори во Австралија, а е уапсен за убиство на тројца пријатели во далечната 1978 година во кањонот Спир Криг.

Карен Едвардс, Тимоти Томсон и Гордон Твадл се убиени на едно патување со мотори пред 4 децении.

Поранешниот стражар во еден од најозлогласените затвори во Австралија, беше уапсен за убиство на тројца млади патници во близината на планината Иса, НЈВ, пред четири децении.

Брус Џон Престон (63) , тогаш невработен автомеханичар, уште во истрагата бил осомничен затоа што тој бил казнет и осуден , за кражба на еден од мотоциклите на жртвата во 1978 година. Жртвите патувале со скапи и нови мотори марки БМВ и Сузуки, кои ги платиле со своите животи.

Но, полицијата обезбедила докази за тројното убиство, дури 4 децении потоа, иако телата на Карен Едвардс (23), Тим Томсон (31) и Гордон Твадл (21), биле откриени неколку недели по убиството.

Насловно фото: Уапсениот Брус Џон Престон