Австралија ги заострува критериумите за државјанство

Добро познавање на англискиот јазик, најмалку 4 години непрекинат претстој и доказ дека сте интегрирани во австралиското општество се новите критериуми кои ги воведува австралиската влада за стекнување нивно државјанство.

Интегрирањето ќе се докажува со вработување и доследна примена на сите австралиски вредности. Сама така секој што не е роден во оваа земја може да стекне државјанство.

Премиерот Малком Тернбул изјави дека новото тестирање ги зема предвид само вистинските австралиски вредности, а не како досега со широк спектар на избор.

Досегашните прописи налагаа само една година претстој за да може некој да поднесе барање за државјанство.
Апликантите ќе бидат подложени на постојан надзор, а доколку некој евентуално бил учесник или пријавен во семејно насилство веднаш ќе биде дисквалификуван.