Австрија е во Скопје, го одржа единствениот тренинг на арената „Тодор Проески“ и најави игра утре за трите бода.

Селекторот на Австрија,Франко Фода, знае дека Македонија има компактна репрезентација но додаде дека од овој меч очекува три бода.

„Натпрреварот во Скопје ќе биде важен за двете екипи. Македонија незаслужено загуби од Полска, одигра добар натпревар и заслужи барем бод. Македонија игра компактно, а имаат доста добар напад, посебно во Горан Пандев. Но, Македонија не е само Пандев, има и други добри играчи. Сепак, ние сме фокусирани како ние ќе одиграме и како ние ќе бидеме поставени на теренот. Со кој тим ќе играме против Македонија ќе одлучам утре“, изјави Фода.

Македонија и Австрија играат утре од 20-45 часот.