Автобуската несреќа го прекина сонот на 19 годишниот студент по медицина Онур Садику

Една од жртвите во вчерашната трагедија на патот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци, е 19-годишниот Онур Садику, студент на медицинскиот факултет во Скопје.

Тој секој ден патувал од родниот Гостивар до Скопје, додека неговото семејство живее и работи во хрватскиот град Пореч.

Соседите за Лајм ја раскажаа тажната судбина на овој млад човек, кој копнеел да им помага на другите и да стане доктор.

Тие го опишуваат Енур како примерно момче како во училиште, така и во приватниот живот.

,,Имаше еден сон во животот, да им помога на луѓето, па затоа тој го избрал медицински факултет“-раскажуваат соседите за Лајм