Автобус полн со војници слета во бездна

Автобус полн со војници на Четвртата бригада на Копнената војска на армијата на Србија слетал од патот кај Владичин Хан на релацијата Ниш-Врање-соопшти Министерството за одбрана на Р Србија,а пренесуваат српските медиуми.

Во автобусот имало 40 војници, а несреќата се случила утрината околу 6 и 20 минути.

Според првичните информации повредени се повеќе лица, од кои една потешко.

На местото на несреќата се екипи на Брза помош, МВР и Воена полиција.

Автобусот е сопственост на “Кавим-Јединство” од Врање, а припадниците на Четвртата бригада на Копнената војска приватно го ангажирале заради секојдневно превезување на работното место на релација Ниш-Врање-Ниш, известува РТС.

Фото: Автобусот со кој патувале војниците