Автопатот Белград-Ниш затворен за сообраќај

Заради лошите временски услови, слабата видливост, ветерот и верижни судири на повеќе места, на делницата од Белград кон Ниш кај клучката Трупале, сообраќајот е во прекин во двата правци. Дел од возилата се пренасочуваат по стариот пат кај Алексинац. Покрај лошите временски услови, на влезот, поточно на излезот од градот, во верижен судир повредени се 17 лица, од кои 6 деца.

Дежурните екипи на Србија пат известуваат дека се на терен, но заради силниот ветер на некои места има и по неколку метри навеви, кои тешко се отстрануваат .