Автопатот Белград-Ниш отворен за сообраќај

По повеќе од десет часа, автопатот Белград – Ниш е отворен за сообраќаја, но не и за тешките товарни возила. Имено на две места од делницата кај Ниш заради верижни судири, снег, навеви и силен ветер беше забранет сообраќај за сите возила, а некои од нив се пренасочуваа на стариот пат преку Алексинац.

Во сообраќајните несреќи имаше триесетина повредени во голем број возила кои беа дел од верижните судири. Во расчистувањето помагаа и специјалните жандармериски сили.