Автопатот Велес-Скопје прооден за сите видови возила

Извештај на АМСМ од 11 и 30 часот:

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Денес од 09:45 часот автопат Велес-Скопје на потег од Штипска клучка до клучка Катланово сообраќајот за тешки моторни возила е нормализиран.

ОД 08:00 часот патниот правец Крупиште-Пробиштип е прооден.

Се нормализира сообраќајот на патниот правец Свети Николе-Куманово, од 09:30 часот од Велес према Штип и Пробиштип наизменично се пропуштаат возила. Остануват на сила забраните за тешки товарни возила.

ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ:Денес од 07:50 час регионалниот пат Кратово-Пробиштип е во прекин во двата правци за сите возила.

Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.