Агим Нухиу го промовира МВР како заеднички дом за сите

 

МВР денеска информира дека Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу промовирал кампања преку повеќејазични билборди за полицијата како заеднички дом за сите.

Во соопштението се вели дека тој, вчера, на 12 јануари 2017 година, министерот  заедно со полициски службеници-претставници на етнички заедници од државата, го промовираше билбордот на јазиците на етничките заедници кои живеат во Република Македонија. При тоа, го истакна постојаното негување на концептот дека  Министерството за внатрешни работи е заеднички дом на сите. Во оваа прилика министерот Нухиу го изрази ставот дека Министерството за внатрешни работи, секој ден, се повеќе треба да припаѓа на сите граѓани, без оглед на нивната етничка припадност.

Ministri Agim Nuhiu dje (12.01.2017) së bashku me punonjës policie – pjestarë nga bashkësitë etnike në vend kanë promovuar billbordet në gjuhët e bashkësive etnike që jetojnë në Maqedoni, duke kultivuar në vazhdimësi konceptin se Ministria e punëve të brendshme është shtëpia e përbashkët e të gjithëve. Me këtë rast Ministri Nuhiu shprehu qëndrimin se MPB-ja duhet të bëhet përditë e më shumë e të gjithë qytetarëve, pavarësisht përkatësisë së tyre kombëtare!

Yesterday, 12 January 2017, the Minister Agim Nuhiu, promoted billboards written in the languages of  ethnic communities living in Macedonia,  together  with police officers – representatives of ethnic communities from the country. In addition, he underlined the importance of cherishing the concept that the Ministry of Interior is a home for everyone. Availing of the opportunity,  Minister Nuhiu expressed his view that  the Ministry of Interior should  belong to all citizens regardless of their ethnic background,  as much more as possible and foster its belonging to the citizens on a daily basis.

АКО.мк