Агресивен патник предизвика тепачка во авион по што беше приземјен со два бомбардера

Во патнички авион на релација Абу Даби- Амстердам дошло до инцидент кога 29 годишен Американец станал агресивен и предизвикал тепачка.

Заради ова холандските власти испратиле два борбени авиона Ф-16 за да го обезбедат леталото и спуштат принудно на амстердамскиот аеродром.

Во тепачката и обидот агресивниот патник да се смири, биле повредени повеќемина, но на крајот тој бил совладан и уапсен на аеродромот.

Агресивниот Американец е однесен на психијатриско лечење.