Агресивно домашно куче растргна бездомно куче

Здружението за заштита на животните Анима Мунди објави шокантна фотографија на која се гледа закрвавено куче кое има сопственик и задавено бездомно куче. Од ова здружение тврдат дека сопственик на Питбулот е полицаец специјалец од Велес, кој има неколку кучиња кои ги тренира да бидат агресивни. Неколку пати бил пријавуван во полиција, но таа не презема ништо.
Ги доставуваме овие исклучително вознемирувачки фотографии од куче со сопственик кое било пуштено и оставено да убие мирно бездомно куче, настан за кој има сведоци и  иако веднаш бил пријавен во полиција, таа не сакала да реагира-велат од Анима  Мунди.
Според ова здружение, сопственикот е лице припадник на специјални полициски единици и поседува повеќе кучиња, од кои некои тренирани да бидат агресивни и не било прв пат да нападнат. Скандалозно е што во ваков фрапантен случај на насилство врз животните полицијата не констатира кривично дело, туку го амнестира од одговорност одговорното лице – сопственикот на кучето – и на тој начин го прикрива и соучествува во истото!
Станува збор за сериозен кривичен деликт – мачење на животно (член 233 од Кривичниот закон), а не прекршок на јавниот ред и мир како што случајот е евидентиран и процесиран во полиција.
Анима Мунди јавно повикува на одговорност, а не  против сопственикот да се поднесува прекршок по член 29 од законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
За нив, ова е  исклучително негативно и изненадувачки, затоа што очигледно некој во велешката полиција сака  да му  помогне на сопственикот на кучето (кој е припадник на полицискит сили за брзо распоредување) и наместо делото да се третира како кривична постапка, намерно поддведно под прекршок.
Сакаме да ја информираме јавноста, велат од Анима Мунди, дека ваквиот селективен пристап на велешката полиција и нејзино ставање на страна на сторителите на вакви кривични дела меѓу кои е овој нивен вработен кој има повеќе кучиња од расата Пит бул во својот дом и кои не се чувани во соодветни услови, само ја нарушува вербата на граѓаните во системот. Потенцираме не е исклучок туку правило  лица припадници на полицијата да бидат инволвирани во случаи на насилство врз животните и секогаш полицијата е таа која ги штити и не го спроведува законот и редот, не ги штити граѓаните и животните што претставува и злоупотреба на службена должност-укажуваат од Здружението.
Јавноста мора да знае дека во пракса веќе постојат пресуди со кои за кривично дело мачење и малтретирање на животни по член 233 од Кривичниот Закон се санкцинорале сопственици на кучиња кои што нападале и раскинале друго куче, бидејќи  се користени како средство за мачење, а притоа се тренираат и за борби. Судот јасно го има утврдено ваквото однесување како кривично дело па не е јасно како полицијата покренува само прекршочна постапка, иако освен мачењето на животните на оваа улица загрозен е и животот на децата и населението кое живее таму. По искази на очевидци ова не е прв пат ова да се случува со овие кучиња, кои патем, постојано се пуштаат на улица слободно да шетаат.
Инсистираме на одговорност и објективно спроведување на законите во име на убиеното куче и сите останати жртви на човечка неодговорност.
Затоа јавно ја повикуваме Внатрешната контрола на МВР да го преиспита целиот случај -стои во сооптението на Анима Мунди.
АКО.мк актуелно-објективно