Агрон Буџаку нов амбасадор во Канада, Шпреса Јусуфи во Приштина-од 19 предлози 12 се Албанци

Иако листата на нови 19 амбасадори не е потврдена од Претседателот, вицепремиерот Бујар Османи на социјалните мрежи се пофали дека 12 амбасадорски места низ светот ќе ги пополнат Албанци.

Османи ги објави и имињата на потенцијалните амбасадори, а меѓу нив е повторно Агрон Буџаку.

Еве ја листата со имиња што ја објави Бујар Османи, потенцирајќи ги само амбасадорите Албанци.

1. Milaim Fetai – Zagreb-Миљаим Фетаи-Загреб
2. Rami Rexhepi – Romë-Рами Реџепи-Рим
3. Teuta Demjaha- Kombet e Bashkuara Gjenevë-Теута Демјаха, Мисија на Он во Женева
4. Shaban Jashari – Doha, Katar-Шабан Јашари,Доха-Катар
5. Agron Buxhaku – Otavë, Kanada-Агрон Буџаку, Отава -Канада
6. Shpresa Jusufi – Prishtinë-Шпреса Јусуфи-Приштина
7. Faton Bejta – Kopenhagë, Danimarkë-Фатон Бејта, Копенхаген-Данска
8. Ramadan Nazifi – Berlin-Рамадан Назифи, Берлин
9. Abdul Kader Memedi – Abu Dabi, Emirate-Абдул Кадер Мемеди, Абу Дабу-ОАЕ
10. Sergjim Muhamedi – Osllo, Norvegji, Сергим Мухамеди, Осло-Норвешка
11. Qenan Ramadani – Bern, Zvicër-Кенан Рамадани, Берн-Швајцарија
12. Ekrem Ebibi – Sarajevë -Екрем Ебиби-Сараево

На затворена седница, Владата ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори на нашата земја на следните дестинации: Атина, Белград, Загреб, Тирана, Брисел, Хаг, Москва, НАТО, Совет на Европа (Стразбур), ОН (Женева), Доха, Прага, Њу Делхи, Рим, Тел Авив, Копенхаген, Ватикан, Приштина и Пекинг.

Листата е доставена до Претседателот на државата Стево Пендаровски.