Адел и даде дел од наградата на Бијонсе

 

Британската пејачка Адел е апсолутен победник на синоќешната манифестација ,,Греми“   во Лос Анџелес, 59 по ред.

Албумот „25“ на Адел ги доби наградите „Албум на годината“ и „Најдобар поп вокален албум“. Нејзината песна „Hello“ ги освои наградите „Снимка на годината“, „Песна на годината“ и „Најдобар поп соло перформанс“.

Но, се чини ѕвезда на вечерта беше американската пејачка Бијонсе која објави дека носи близнаци. Адел на Бијонсе и даде дел од својот трофеј, кршејќи го на половина.