АД,,Пелагонија“ по судска пресуда на Општина Центар треба да и врати 94.482.306 денари

Со решение на Врховниот Суд по пресудата на Апелациониот Суд, конечно општината доби правна разрешница на предметот со поништувањето на изградбата на катна гаража кај зградата на Нова Македонија. Овој судски спор минатата година доведе до блокирање на сметката на општината. Врз основа на Решението на Врховниот Суд, АД ,,Пелагонија“ на Општина Центар треба да ѝ го врати целиот износ, односно вкупно 94.482.306 денари. 


,,Парите кои ќе бидат вратени назад во општинската каса ќе бидат пресраспределени во програмите за работа на општината. Продолжуваме со расчистување на затекнатите судски пресуди, а во текот на годината очекуваме уште неколку вакви судски одлуки“-рече градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ..