Бројни реакции од жителите на булевар АСНОМ и другите улици кои гравитираат околу Мајчин дом кадешто рано утрината започна уништувањето на зеленилото за потребите на деветкатницата која ќе се гради до црквата на самиот агол од улицата со булеварот.

Жителите се организираат и велат дека нема да дозволат да им се уништи околината и паркот кој грижливо е правен со години и одржуван за потребите на населението кое живее наоколу. Тука има игралиште, детски паркови и уредена тревна површина. Наоколу се засадени дрва од самите жители. Сега, според нивни сознанија и овој дел од паркот ќе биде уништен за потребите на непожелната зграда и идната градска болница на местото на Мајчин дом.

За попладне во 17 часот е најавен протест, а локалните жители бараат оставка од градоначалникот Златко Марин поради изневерените очекувања и лажните ветувања.

Емилија Лазаревска