Аеродром загаден заради градењето и исечените зелени површини

,,Недозволиво за еден градоначалник и една локална власт е да го загрозат здравјето на своите сограѓани. Тоа го направија Ивица Конески и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во општината Аеродром со тендер политиките што се одразија со огромна загаденост на воздухот во општината,,-изјави Златко Марин, претседател на ОО на СДСМ во Аеродром.

,,Граѓаните на Аеродром дишат отровен воздух. Со месеци и навечер и наутро концентрациите на опасните ПМ10 честички се и до 20 пати над дозволените граници. Аеродром е меѓу најзагадените општини во Македонија и во Европа.

Конески и локалната власт не смеат да се кријат во овие денови на огромно загадување, кога граѓаните се загрижени за своето здравје и за нивните деца!

Бараме од Конески проблемот со големото загадување во Аеродром да го постави на централно ниво и да им каже на граѓаните дали и како ќе се справат со овој проблем што го предизвикаа.

Ивица Конески и советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги исекоа сите паркови и зелени површини во Аеродром и за тендер интереси поставија непотребен бетон каде стигнаа. Дозволија да се градат згради една до друга со што ја нарушија природната циркулација на воздухот. Должни се да се справат со последиците,,-изјави Марин.

 

Фото:Донче Илијоски