Членовите на нуркачкиот центар од Охрид, Акватек, на својата ФБ страница објавија фотографии направени деновиве од дното на Охридското Езеро.

,,Некој си го реновирал клозетот. Секоја чест, Браво…😠🤢🤮“-пишува на нивната објава со овие фотографии.

Стара када меѓу алгите на дното на Охридско Езеро


Од Акватек додавата дела локацијата на ова еколошко злодело е меѓу Срјшче и Мостот на Желбите, 100 метри од брегот, длабочина 5 метри.

Има и други елементи од старото купатило.

Нуркачките клубови од Охрид често прават генералка на дното на Охридското Езеро, од каде вадат елементи за опремување на цели куќи. Едноставно околното население без ронка грижа на совест ѓубрето од своите домови го исфрлаат во Охридско Езеро!


Фото: Никола Паскали