Ако има прилика Дачиќ ќе му ја испее ,,Шанзелизе“ на Макрон

Францускиот претседател, Емануел Макрон, е во дводневна посета на Србија.

За многумина ова е историска посета со која скептичниот Макрон сепак ќе испрати сигнал дека е за поддршка на Србија и Западен Балкан и нивните аспирации за зачленување во ЕУ.

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, во разговор за српски ,,Курир“, наведува дека посетата на Макрон е многу важна за решавање на српско-косовското прашање.

Тој на прашање дали ќе му пее и на францускиот претседател, вели:

,,Еднаш веќе му пеев во Трст пред две години. Секако, ако се укаже прилика ќе го сторам тоа, само ќе мора на брзина да научам некоја француска песна, на пример ,,Шанзелизе“, вели Дачиќ.